Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега член на Ремс, Давид Нгог, исчезнал и никој не знае каде се наоѓа, пренесува „Лекип“.
Тој последно што комуницирал со тимот било да им соопшти за својата локација минатиот викенд кога изјавил дека има стомачни проблеми и не може да земе учество во тренинзите на тимот.
Откако поминале неколку дена без вести од Нгог, луѓе од клубот решиле да го побараат за да проверат дали сѐ е во ред, но наишле на празна соба во хотелот каде што е сместен.
– Единствено што знам е дека Давид е во кревет поради вирус. Друга инфромација немам – објасни вчера тренерот на Ремс, Жан-Лук Васор.
Засега нема информации каде точно отишол играчот и каква е причината за неговото отсуство. 25-годишниот играч пристигна во клубот од англиски Свонси и од почетокот на сезоната има еден натпревар и еден гол за Ремс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


