
Со ист став е и професорот Марјан Петрески.
– Позитивен и очекуван е растот на индустриското производство, особено растот кај преработувачката индустрија, со оглед дека целата економија се наоѓа во фаза на стабилизација и заздравување. Индустрискиот раст е и широко распространет, што претпоставувам е ефект од зајакнатата градежна активност на државата и на странските фабрики, но и на благото заздравување на надворешната побарувачка – вели Петрески за „Република“.
Индустриското производство во август годинава во однос на истиот месец лани во секторот рударство и вадење камен бележи опаѓање од 11,8 отсто, во преработувачката индустрија има пораст од 11,2 проценти, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 46,6 проценти.
Според главните индустриски групи, производството во август 2014 година, во однос на август претходната година бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 3,8 отсто, капитални производи за 46,9 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7 проценти, додека опаѓање е евидентирано кај енергија за 42,8 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 10,1 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


