| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку лица нападнаа тетовски средношколец

Вчера околу 16,00 часот, во Тетово пред угостителскиот објект спроти Средното текстилно училиште, за време на големиот одмор, А.Х.(18) од Тетово бил нападнат од страна на неколку лица, истите на оштетениот му нанеле телесна повреда удирајќи го со метален предмет, еден од сторителите со пиштол го удрил во пределот на главата.

На А.Х. му е укажана лекарска помош во Клиничка болница во Тетово.

Од извршен разговор со оштетениот, тој посочува неколку лица како можни сторители, а се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top