
– Никој во Македонија не смее да ги повика децата да не одат на училиште – изјави Абдулаќим Адеми, минситерот за образование и наука.
Според него, местото на учениците е во училишните клупи.
– Законот дефинира дека основното и средното образование се задолжителни и мора да се исполнат 180 работни дена. Според Законот за основно и средно образование на Република Македонија се предвидени и глоби за родителите ако нивните деца не одат на училиште. Најверојатно, изјавата на директорката беше по повод повикот на претседателот на СОНК, кој ги повика учениците и родителите в понеделник да не одат на настава. Мислам дека тоа е погрешна изјава на претседателот на СОНК. Никој во Македонија не смее да ги повика децата да не одат на училиште. Местото на учениците е во училишните клупи, Не велам дека нивните барања се прифатливи или дека треба да бидат прифатени, но сметам дека со дијалог може да се расчистат сите отворени прашања. Јас ги поканив и имав еднаш средба со нив, но, за жал, таа средба заврши брзо и неуспешно. Ние остануваме отворени за средба, зависи од нив – изјави Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


