Дадо Топиќ ја тужи хрватската телевизија „Нова ТВ“ бидејќи во емисијата „Ред карпет“ водителите се шегуваа на сметка на неговото име. Се работи за емисија емитувана во 2007 година, кога водителите Даниел Делале и Миа Ковачиќ прилогот за него го нарекле „сапунарот од ’Мојата борба‘“, со оглед на тоа што вистинското име на Дадо е Адолф, пренесува „Јутарњи лист“.
Топиќ бара оштета од 128.000 евра.
– Мојот клиент го поврзаа со ужасите на нацистичкиот режим – вели неговиот адвокат.
Сопругата на 65-годишниот музичар Маријана, пред судот изјави дека нејзиниот сопруг по емисијата пропаднал, почнал да пие лекови за смирување и дека веќе не е тој стариот.
Во тужбата се тврди дека Топиќ веќе имал договорено турнеја низ поранешна Југославија и дека за секој концерт требало да добие сума меѓу 3.500 и 12.000 евра.
– Но, по емисијата организаторот се повлече. Ми побегна заработката од 100.000 евра – вели Топиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


