
Доколку утре би се одржале парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ би освоила 29 отсто од гласовите, опозициската СДСМ 10 отсто, ДУИ 13 отсто, а ДПА 3 отсто од гласовите, покажува најновата анкета на Републиканскиот институт ИРИ. Според анкетата направена од 29 август до петти септември овој месец, премиерот Никола Груевски ужива убедливо најголема доверба меѓу граѓаните, односно 22 отсто, потоа следуваат Али Ахмети со 9%, Зоран Заев 4%, Ѓорге Иванов 3%, Бранко Црвенковски 3%, по два отсто рејтинг имаат Мендух Тачи, Руфи Османи и Радмила Шекеринска, додека претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски има рејтинг од само 1 отсто. 27 проценти од испитаниците се изјасниле дека немаат доверба во ниту еден политичар.
На прашањето како би ги оценеле политичките субјекти доколку употребите оценки кои се користат во училиште, оценката за Владата изнесува 2,71, за претседателот Ѓорге Иванов 2,8, додека за опозиција 1,99.
72% од граѓаните сметаат дека немало притисок на избори, 15% сметаат дека имало, односно познавале луѓе кои тврдат дека имало притисок, а 7% почуствувале личен притисок.
Одговарајќи на прашањето кое е најважно прашање во надворешната политика на Република Македонија, 28 отсто сметаат дека тоа е признавање на името, 25 отсто мислат дека тоа е почнување на преговори со ЕУ /интеграција во ЕУ, 22 отсто се одлучиле за зголемување на странските инвестици, 11 отсто сметаат дека тоа е членство во НАТО, 8 отсто односите со соседите ги сметаат како најважни, додека за друго се одлучиле 1 отсто.
60% од испитаниците одговориле дека невладините организации се под влијание на политички партии, 25% одговориле со не знам, додека 16 % дека НВО не се под влијание.
На прашањето која партија е најактивна во твојот град/село, за ВМРО-ДПМНЕ одговориле 53 отсто, додека за СДСМ само 6 отсто. Дури 25 отсто од испитаниците одговориле дека главен извор на вести им е интернетот, 18 отсто телевизијата, радиото 10 отсто, весници 16 отсто, а 21 отсто дека главен извор на вести им се семејството и пријателите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата


