Новите истражувања покажуваат дека медитирањето, кое не е лесно и едноставно, освен за релаксирање и продуктивни активности, е добро и за телото и за здравјето.
Постојат три причини за да седнете, да ги затворите очите и да медитирате.
1. Ќе чувствувате помалку болка
– Научниците проучувале здрави испитаници по пат на магнетна резонанција со цел да увидат на кој начин нивниот мозок реагира кога ќе почувствуваат болка и како медитацијата може да помогне. По само четири дена, со медитирање при болка, рангирањето на непријатното чувство кај испитаниците се намалило за 57 отсто. Со медитацијата може да се детектира и намали болката во вашиот мозок, како помалку страшна, а повеќе толерантна.
2. Ќе ја контролирате анксиозноста
– Според неодамнешни истражувања, доколку се занимавате со медитација, можете да го намалите стресот и да ја контролирате својата загриженост. Околу илјада пациенти, кои боледуваат од анксиозност, се занимаваат со типот медитација кој се вика свесност, а се заснова врз редуцирање на стресот. По осум недели, без да земаат дополнителна терапија, нивната анксиозност и степен на стрест се намалил. Доколку преку медитација научите дека мислите се само мисли, тогаш ќе можете лесно да ги
исклучите причините за анксиозност по пат на автосугестија.
3. Ќе бидете посреќни
– Најдобрите истражувања за медитација покажале дека со неа се овозможува ослободување од депресија како со антидепресиви. Но, за разлика од лековите, медитацијата никогаш нема да покаже какво било негативно и несакано дејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Графика на Енциклопедија Британика и Ројтерс за Велигден: Дознајте од каде потекнува името Велигден, положбите за медитација во постот…
-
Јапонска техника за ослободување од стрес (видео)
-
Еден милион деца медитираат во Тајланд за мир во светот
-
Медитација или мастурбација: Жени им плаќаат на странци и по 200 евра за да им го прават ова (ВИДЕО +18)


