| четврток, 6 декември 2018 |

Билетите за натпреварот Металург – Динамо од 200 до 500 денари

Продажбата на билетите за осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу македонскиот првак Металург и Динамо Минск, за сите лица што поседуваат сезонски билети за групната фаза од ова натпреварување, како што информираат од редовите на македонскиот шампион, стартува утре и ќе трае до сабота. Сите останати ќе може да купат билети од понеделник кога ќе стартува официјалната продажба. Цената е од 200 до 500 денари. Натпреварот во Скопје ќе се игра на 23 март  од 18 часот, а првиот дуел е во Минск, на 14 март од 17 часот.

„Билетите ќе може да се заменат во продажната мрежа на „Купи карти за сè“ во Скопје и низ Македонија, со приложување на сезонската влезница. Сите билети што нема да бидат заменети до сабота (9 март), ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (11 март). Сите останати влезници од  блоковите М и Б во СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат пуштени во продажба в понеделник, со почеток во 17 часот. Во истиот термин ќе почне и продажбата на билетите преку интернет на www.rkmetalurg.mk и www.kupikartizase.com, информираат од Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top