| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени во пет сообраќајки во Скопје

 Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно пет сообраќајни незгоди.

Од нив, една е со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на мопед и еден мотоциклист.

Се случиле и две незгоди со тешки телесни повреди. Првата незгода се случила во 9 часот на станбената улица што ги поврзува ул. „Босна и Херцеговина“ и ул. „Втора македонска бригада“ пред зграда бр. 10, во која учествувале мотоцикл со непознати регистарски таблички и возач што по незгодата го напуштил местото и пешак, граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повредни се здобил пешакот, кој со друго возило бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде што по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Втората незгода се случила во 9 часот и 20 минути на ул. „Васко Каранѓелески“, помеѓу мопед со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „хундаи“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани 15 возачи, кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив осум возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 13 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, шест возачи што ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, девет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 15 возачи што ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 45 возила, кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе реализира едукативна работилница во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ на подрачјето на општина Аеродром.

Денеска во времето од 9 до 13 часот на крстосниците од ул. „Пролет“ со ул. „11 Октомври“, бул. „Кочо Рацин“ со ул. „11 Октомври“, бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Кузман Јосифоски Питу“ и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ со ул. „Беласица“ ќе биде реализирана обука за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе биде реализирана од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР. Апел до возачите да бидат претпазливи, толерантни и да ги почитуваат знаците што ќе ги даваат полициските службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top