| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Светски ден на контрацепцијата

kondom

Годишно во светот има 80 милиони непланирани бремености. Оваа бројка е соопштена на 26 септември, Светскиот ден на контрацепцијата.

Околу 220 милиони жени во светот би сакале да го контролираат раѓањето деца, но немаат пристап до модерените и сигурни средства за контрацепција. Многуројни меѓунаордни студии велат дека девојките меѓу 15 и 19 години, кои се опфатени во едукацијата за сексуалноста, имаат 50 отсто помалку шанси да се изложат на ризикот да останат бремени.

Светскиот ден на контрацепцијата претставува глобална кампања со мисија за ја подигне свеста за контрацепција и да им даде шанса на младите луѓе сами да решаваат за своето сексуално и репродуктивно здравје врз база на валидни и проверени информации.

Светскиот ден на контрацепцијата е настан што се одржува од 2007 година секој 26 септември насекаде во светот. Се организираат разни настани со цел подигнување на свеста за контрацепцијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top