| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов на средба кај Бан Ки-Мун и со обраќање пред Генералното собрание на ОН

ivanov - ban ki mun

Макдонскиот претседател Ѓорге Иванов утре доцна навечер по македонско време ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации. Претходно, околу пладне по американско време, како што јавува дописникот на МИА од Вашингтон, претседателот Иванов, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун.

Се очекува Иванов во своето обраќање да се осврне на можностите за деблокада на македонските евроатлански интеграции. Иванов ова прашање го постави и пред Советот за безбедност на Обединетите нации, во своето обраќање во средата. Во согласност со фокусот на годинешното заседание на Генералното собрание, климатските промени, најавено е дека Иванов ќе посвети дел од своето обраќање и на ова прашање, како и на постигнувањето на милениумските развојни цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top