| четврток, 6 декември 2018 |

Монструмот од Сурчин плачел пред мајка му и молел за прошка

1357866-majka-makija-djuric-070814-rasfoto-m-josida-005

„Мајко, прости ми. Што е тука е. Не можам навечер да спијам. Кога ќе ги затворам очите, нешто ме задушува во градите“, ѝ рекол монструмот Драган Џуриќ на мајка си која е единствената што го посетила во затворот откако е уапсен за убиството на 15- годишната Тијана во Србија.

Dragan-Djuric-Natasa-Nikolic-640x426

– Плачев и јас, и не можев ни да го прашам дали е вистина тоа за што го обвинуваат, и ако е вистина, зошто го направил тоа – вели мајка му за српски „Ало“ невдувајќи дека по средбата нема никакви одговори.

– Се сомневам дека нешто го запоседнало. Го одгледав од кило месо, а ме боли што ништо не приметив. Верувајте ми, да имаше некакви знаци дека мојот син ќе направи такво нешто, јас би го спречила. Многу ми е жал за тоа девојче. Силно ме боли душата и постојано се прашувам дали е вистина и зошто го обвинуваат мојот син. Го знам своето дете и не можам да поверувам дека туку-така решил некому да му наштети. Се сомневам и дека некој го наговорил или го принудил да направи такво нешто, раскажува мајката и признава дека од срам и чувство на одговорност не смее да излезе на улица затоа што се плаши дека некој ќе впери прст во неа.

makivija-djuric

– Ме боли многу за Тијана и постојано се преиспитувам себеси и однесувањето на син ми. Дали го направил тоа? Зошто не помисли на мене и на сестра му – се прашуваа мајката Макивија и објаснува дека по сето тоа таа се преселила кај пријателка и дека живее со пензија од 10.000 динари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top