
Исламската држава планира серија терористички напади во САД и во Париз, тврди ирачкиот премиер Хаидер ал Абади повикувајќи се на сигурни извори. Американските официјални лица ги негираат неговите предупредувања тврдејќи дека немаат докази за такви закани.
Абади ги обелодени заканите вчера на средбата со новинарите на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
– Денес, додека јас сум тука, добив извештај од Багдад дека се уапсени неколку екстремисти и дека постојат мрежи во Ирак што планираат напади. Планот е да ги нападнат метроата во Париз и во САД. Според информациите што ги добив, да, заканите изгледаат сериозно – изјавил тој.
Ирачки дипломат во ОН изјавил за „Би-Би-Си“ дека неколку борци на ИСИЛ биле уапсени, а потоа признале дека регрути од Франција и од Америка имаат подготвено непосреден план да удрат на метростаниците во Париз, а потоа и во САД, без да прецизира во кои градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании


