| четврток, 6 декември 2018 |

ФБИ го идентификуваше убиецот на двајцата американски новинари

САД го идентификуваа убиецот на американските новинари Џејмс Фоули и Стивен Сотлоф, кои беа обезглавени од припадник на Исламска држава, изјави директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Џејмс Коуми.

– Го идентификуваме, истакна Коуми на прес-конфереција.

Двајцата американски новинари беа обезглавени по неколку месечно заробеништво, а убиецот, кој носеше маска на видео-снимката зборуваше со британски акцент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top