| четврток, 6 декември 2018 |

Kомандант на исламистите од БиХ загина во Сирија

Во Сирија загина Рамо Пазара, уште еден државјанин на Босна и Херцеговина, за кој портали блиски до Исламска држава тврдат дека бил еден од командантите.

Пазара бил од Теслиќ, со прекар Абдулах и загинал во борби со Курдите на сириско боиште.

Пазара учествувал во борби кај градот Кобане на границата со Турција.

Во Сирија, според медиумите, бил заменик на чеченскиот командант Омар ал Шишани, кој е меѓу најпознатите странски борци на Исламска држава.

Пазара минатата година се вклучил на военото боиште во Сирија. Претходно живеел во САД каде што работел како возач на камион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top