
Шпанскиот тенор Пласидо Доминго на 8 декември ќе настапи во белградската Арена. Овој повеќекратен уметник зад себе има остварено повеќе од 144 улоги. Тоа е своевиден рекорд во сферата на операта. Освен како изведувач познат е и како диригент и директор на операта “Лос Анџелес”. Под неговата диригентска палка реализирани се повеќе од 500 изведби.
Годинава во јануари наполни 73 години. Неговите талент и енергија се уште пленат кога е на сцената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


