Општина Струга денес почна акција за отстранување привремени објекти и урбана опрема поставена во центарот на градот.
Со акцијата, која се одвива со полициска асистенција, се опфатени десетина објекти на централниот плоштад , а како што најавуваат од локалната самоуправа, ќе продолжи и во наредниот период, сè додека не бидат отстранети сите привремени објекти опфатени со одлуката донесена од страна на советот.
Од Општина Струга објаснуваат дека одлуката за отстранување на привремените објети била донесена уште пред шест месеци, но во интерес на сопствениците, им било дозволено да продолжат со работа до крајот на туристичката сезона.
На сите сопственици на привремени објекти уредно им биле доставени решенија за отстранување на привремените објекти заклучно 21 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


