
Здружението на превозници во патниот сообраќај „Исток“ ја поддржува владината кампања „Почитувај ги правилата, почитувај живот“.
Претседателот на Здружението Горан Трпковски денеска на меѓуградската автобуска станица „Руле турс“ истакна дека кампањата е од големо значење за превозниците и оти постојано работат на едукација на професионално вработените возачи и подигање
на нивната свест.
– Се залагаме за нашите професионални возачи, соработуваме со повеќе школи за обука на возачи и постојано работиме на надградба на знаењето на професионалните возачи, кои седнувајќи зад воланот го преземаат ризикот за патниците. Силно ја поддржуваме оваа
кампања на Владата и на Министерството за внатрешни работи и сметаме дека само едуцираниот возач, кој ги почитува правилата и другите учесници во сообраќајот е патот до безбедно секојдневие – изјави денеска Трпковски.
Здружението „Исток“ го поздрави начинот на кој Владата влијае за подигање на свеста, стекнување сообраќајна култура и презема превентивни мерки за намалување на сообраќајните незгоди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
-
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања


