„Предлагаме на лицата во алкохолизирана состојба во иднина да им биде забранет пристапот во просториите во кои се дискутира“, изјавил пред буџетскиот комитет на Генералното собрание на ОН заменикот на американскиот амбасадор во ОН, Џозеф Торсел, пренесува „Ројтерс“.
„Мојата влада е искрено благодарна за стратегиските услови што произлегоа од некои досегашни практики, но сметаме дека традицијата на наздравување со шампањ треба да се одложи за пригоди кога седниците ќе бидат успешно завршени. Тоа позитивно ќе влијае врз угледот на Петтиот комитет“, изјавил Торсел.
Годишното заседание на Комитетот на ОН за административни прашања и буџет, кој се нарекува и Петти комитет, обично се одржува кон крајот на декември, за време на божикните празници. Дебатите на Комитетот често стануваат маратонски седници, кои траат до доцна во ноќта.
Дипломатите што учествуваат на тие седници за агенцијата „Ројтерс“ изјавиле дека не е невообичаено да се видат делегати што покажуваат очигледни знаци на тешко пијанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



