Советничката група Кичевчани за Кичево на вчерашната седница на Советот на Општина Кичево остро се спротивстави на обидите на локалната власт на ДУИ за маргинилизација и понижување на секој кој не е Албанец и ја напушти седницата.
На 21-та седница на Советот на Општина Кичево беа разгледувани годишните програми од основните и средните училишта и детската градинка „Олга Мицеска“.
-Додека претставникот на детската градинка Олга Мицеска беше тотално измачуван од прашања од страна на советниците на ДУИ кои не беа во контекст на годишната програма на оваа институција, доставената програма беше уредно образложена пред советот со сите свои програми и проекти што ке ги извршува во идната учебна година исто така преведена. И оваа програма советниците на ДУИ се изјаснија негативно од непознати причини – велат од Советничката група Кичевчани за Кичево.
Тие нaгласуваат дека оваа советничка група секогаш на прво место го става интересот на граѓаните на Општина Кичево не правејќи разлика од етничка верска или национална припадност, што го докажала со својата транспарентост и конструктивност низ изминатите седници на советот на Општина Кичево.
– Таа пракса оваа советничка група е во план да е задржи и понатаму спротивно на дејствувањето на советничката група на ДУИ која што е слепа и глува за барањата и потребите на другите етникуми кои живеат во нашата општина освен за албанскиот – велат советниците на Кичевчани за Кичево.
Како пример го посочуваат одолговлекување на изработувањето на деталниот урбанистички план, Ложионица со кој треба да се отпочне изградба на православна црква во Кичево. План кој што се чува во фиоките на ЕЛС Кичево од непознати причини, посочува еден од кичевските советници.
Тие нагласуваат дека со ова уште еднаш се докажува дека локалната власт на ДУИ во Кичево ги маргинилизира граѓаните на општина Кичево од неалбанска националност. Исто така, напоменуваат дека врз вработенитеод македонска националност во ЕЛС Кичево и сите претпријатија и училишта формирани од општината се вршат невидени притисоци врз нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.