Украинскиот премиер Арсениј Јацењук го повика Западот да не ги укинува санкциите кон Русија сѐ додека Украина во целост не го поврати територијалниот интегритет.
– Повикуваме да не бидат укинати санкциите сѐ додека Украина не ја поврати контролата над целата своја територија – истакна Јацењук пред Генералното собрание на ОН, повторно осудувајќи ја „руската инвазија во источна Украина“.
Украина е приврзана кон зачувување на безнуклеарниот статус, но има потреба од гаранции за зачувување на територијалниот интигритет, безбедноста и нзависност, додаде Јацењук на општата политичка дискусија за време на 69. сесија на Генералното собрание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



