| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледа животот во градот Рака под контрола на ИСИЛ

video

Сиријка од градот Рака со камера скриена под никабот го снимила животот во градот кој веќе една и пол година под контрола на терористичката организација Исламска држава. Видеото неделава е објавено на телевизискиот канал „Франс 2“.

На видеото снимено во февруари и април годинава се гледаат вооружени мажи, но и жени. Една жена оди на детско игралиште со „калашников“ преку рамото додека држи дете за рака. Во друг момент на жената што го снима видеото ѝ приоѓа маж кој ѝ забележува дека недоволно добро го прекрила лицето.

Интересна е и сцената од интернет-кафе во кое жени на совршен француски разговараат со роднини во Франција. Членови на семејствата не можат да ги разберат одлуките на овие жени и се обидуваат да ги убедат да се вратат дома, но не успеваат во намерата. Многу од девојките дошле да се приклучат на нивните сопрузи кои се борат, а некои дошле да се омажат. Според француската телевизија, околу 150 Французинки живеат со припадници на Исламската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top