| четврток, 6 декември 2018 |

САД објавија нови снимки од нападите во Сирија

nato avioniАмериканското Министерство за одбрана објави нови снимки од воздушните напади на позициите на Исламската држава во Сирија со објаснување дека се извршени во три бранови и дека биле успешни во уништувањето на одредени цели и постројки.

Адмирал Џон Кирби и генерал Вилијам Мејвил Јуниор пред новинарите нагласија дека ударите биле успешни, но дека воздушната кампања тукушто почнала. Освен борците на терористичката организација, цел на американската војска е и исламистичката група Курасан, формирана од ветерани со Ал Каеда, за која Пентагон предупреди дека е во „финална фаза“ од подготовки за напад на САД и на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top