| четврток, 6 декември 2018 |

Индиец тврди дека 70 години ниту јадел ниту пиел

Еден Индиец тврди дека ниту јадел ниту пиел веќе 74 години. Научници докажаа оти ја зборува вистината. Прахлад Јани е 85-годишник кој живее во пештерата Амба без храна и вода. Вели дека својот дом, во потрага по духовност, го напуштил кога имал седум години, а на 11 години го благословила божицата Амба.

Од тој ден, Прахлад Јани живее без храна и вода, а живее, како што тврди, „од нектарот кој се филтрира низ дупката во неговиот јазик“.

Неговите тврдења ги проучуваше тим составен од 30 научници во текот на три недели, извршувајќи врз него голем број болнички тестови.

Камерите, со кои е следен во текот на целиот нивен престој, потврдија дека навистина ниту јадел ниту пиел. Кој било друг човек за тоа време поминато без храна и вода сигурно би починал, но Јани не се чувствувал малаксано, не уринирал, ниту имал столица.

Исто така е утврдено дека неговиот мозок е сличен на мозокот на 25-годишник, иако има 83 години. Лекарите биле изненадени.

– Веруваме дека телото на Прахлад Јани поминало биолошка трансформација, како резултат на медитацијата и моќна јога во целосно природно опкружување во кое живее – велат тие.

Инаку, според ведите, т.н. чакра „трето око“ може да произведе „божествен нектар кој содржи живот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top