| четврток, 6 декември 2018 |

Намирници со кои ќе ја победите анемијата

Експерти тврдат дека милиони жени ширум светот страдаат од недостаток на железо во крвта, односно анемија. Познато е дека анемијата предизвикува замор, летаргичност и ја намалува енергијата. Лошо влијае врз здравјето и е штетна за срцето. Постојат некои намирници кои треба да се вклучат во исхраната со цел да се олесни овој проблем.

Интегралниот ориз е богат со влакна кои помагаат за исфрлање на токсините од организмот, додека железото во оризот се бори против анемијата.

Овесната каша е добар избор за оние кои страдаат од недостаток на железо. Компирот содржи висок процент на железо, поради што е обврзно да се вклучи во исхраната.

Брокулата е богата со железо, што е доволна причина да се изеде барем една до две порции од овој здрав зеленчук неделно.

Јагодите се богати со железо и содржат витамин Ц, кој му помага на телото да апсорбира повеќе железо. Исто така, и спанаќот содржи железо и витамин Ц поради што треба обврзно да се најде на вашето мени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top