Љубе Бошковски повторно беше отстранет од судницата на денешното рочиште за случајот „Ровер“.
Бошковски денеска раскажуваше книги, цитирајќи Достоевски, Кафка и Библијата и рече дека не сака да го гледа, според него „судскиот Монти Пајтон“.
– Мојата порака кога велам догодина ќе завршите во Идризово можев да ја кажам и во мој стил, според Библијата и евангелието- ќе ви биде мерено со истата мерка со која вие денес мерите. Јас иако сум незауздан бунтовник, се бунтувам со причина. Сакам да си одам од овој Монти Пајтон во продолженија – изјави Бошкоски.
На денешното рочиште сведочеа вработени во МВР од времето кога Бошковски беше министер за внатрешни работи а кои претходно беа обвинети во случајот. Обвинетите за прв пат го видоа оружјето за кое обвинителството тврди дека било извршено двојното убиство негираа дека тоа е истиот пиштол кој полицијата претходно го пронашла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



