| четврток, 6 декември 2018 |

Колин Фарел и Винс Вон ќе глумат во втората сезона на „Вистински детектив“

Von

Актерите Колин Фарел и Винс Вон ќе глумат во втората сезона на „Вистински детектив” соопштија од „Ејч-Би-О”. Драмската серијата од осум епизоди ќе почне да се снима есенва во Калифорнија.

Фа­рел ќе го глуми компромитираниот детектив Реј, кој е поделен меѓу ло­јал­нос­та кон своите шефови во корумпираната полиција и мафијаш кој го уце­ну­ва и контролира. Винс Вон ќе го глуми Френк, криминалец чие пре­ми­ну­ва­ње во легален бизнис е нарушено од убиството на неговиот бизнис пар­тнер.
„Ејч-Би-О” со првата сезона на „Вистински детектив”, во која глумеа Метју Ме­ко­на­хи, номиниран за награда Еми, и Вуди Харелсон, имаше голем хит, и доби многу добри критики.

Уште не е објавен датумот на премиерата за втората сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top