| четврток, 6 декември 2018 |

СОНК ги манипулира децата во немоќ да се справи со незадоволните професори од раководството

сонкккУчениците од сите основни и средни училишта во Македонија да не доаѓаат на настава во понеделник, на 29 септември, зашто ќе има штрајк и образовните кадри нема да работат, изјави Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура.

Ова е нов чекор на Неделков, кој откако не можеше да се справи со професорите од раководството, тргна кон манипулација со децата.

Пет гранкови синдикати кои се дел од Конфедерацијата на слободни синдикати, се оградија од идејата и одлуката за организирање генерален штрајк во образованието. Според нив, штрајкот е инициран од претседателот на СОНК Јаким Неделков и мала група негови приврзаници, со цел задржување на актуелните позиции преку реизбор во следната година.

– Навистина жално и трагично, сегашната младина и иднината на нашата земја да биде заложник на една однапред планирана ситуација во која најголема штета ќе биде застојот на нивниот воспитно-образовен процес, што пак, ќе предивика бројни други последици. Оние во почетните години на основното образование ќе немаат добра подлога за сите понатамошни образовни предизвици, додека пак, оние во завршните години ќе немаат целосно заокружен процес и подлога за продолжување на високото образование или за настап на пазарот на труд – истакна Лидија Карастојанова-Андова, претседател на земјоделскиот синдикат на РМ.

Освен спротиставувањето на петте гранкови синдикати кон протестот на СОНК, Собранието изгласа законски измени во Законите за основно и за средно образование, со кои, оние наставници што штрајкуваат ќе бидат заменети со нови. Во членот 3 се дефинира обврската на директорот во случај на прекин на наставата поради штрајк да обезбеди услови за континуитет на воспитно-образовниот процес. Директорот на училиштето, по претходна согласност од градоначалникот, а за државните училишта од министерот, е должен да обезбеди непрекината воспитно-образовна работа со замена на вработените кои штрајкуваат додека трае штрајкот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top