Најголемите американски производители на безалкохолни пијалоци, меѓу кои се Кока Кола и ПепсиКо, ветија намалување на уделот на калориите во засладените пијалоци за 20 отсто во наредните 10 години преку едукативни програми, маркетинг и амбалажа.
Вакви планови објавија Американското здружение на производители на безалкохолни пијалоци и Здружението за поздрави генерации на годишниот состанок на Клинтоновата глобална иницијатива во Њујорк.
Производителите на безалкохолни пијалоци планираат да ја остварат зацртната цел до 2025 година преку програма за едукација на граќаните за да го намалат внесувањето на калории преку конзумирање на пијалоци, како и преку зголемената понуд ана пијалоци кои се без или со многу малку калории, вклучително и флашираната вода.
Американското здружение на наведената индустрија ќе одбере независен проценител кој ќе го следи напредокот, но не е јасно колку конкретно калории подразира 20-отстотното намалување.
Најавената мерка веројатно се темели на обемот на продажбата, калориите според пијалоци и американските статистички податоци, рече Сузан К.Нили, претседателка и извршна директорка на Американското здружение на безалкохолни пијалоци. „Без преземање на такви обврски тешко би било да се задржи напредокот постигнат досега“, рече Нили.
Иницијативите за намалување на калориите не се ништо ново. Американското здружение на производители на пијалоци и Здружението за поздрави генерации со заеднички сили работат на намалување на калориите во пијалоците во училиштата.
Шеснаесет најголеми американски производители на храна и пијалоци, вклучително Кока Кола и ПепсиКо, во 2010 година се обврзаа дека до 2012 година ќе отстранат 1.000 милијарди калории од американскиот пазар, а до 2015 година 1.500 калории. Компаниите се дел од фондацијата за здрава тежина која ја предводат извршните директори на компаниите, а која е основана во 2009 година со цел да се намали дебелината кај населението.
Компаниите од фондацијата во јануари годинава објавија дека во 2-12 година заедно во САД продале 4.600 милијарди калории помалку во спроедба со 2007 година. Но, анализата на научниците од Универзитетот во Северна Каролина покажа дека вкупнито број на калории во пакувана храна која наведените компании им ја продале на семејства со деца не се променила од 2011 во 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



