Грижата кон заедницата е тема која станува се поактуелна во бизнис круговите во Македонија. Компаниите се повеќе стануваат свесни за придонесот кој го има заедницата кон развивање на нивниот бизнис и се повеќе се свесни за помагање и придонесување кон заедницата, особено кон ранливите групи на кои им е потребна помош. Во последните години можеме да забележиме голем број на хуманитарни кампањи кои беа иницирани токму од компаниите. Некои од нив се за помош на лица кои финансиски не можат да си дозволат медицинска нега, дел се за помош во основни средства за социјално ранливите групи, дел се за заштита на животната средина. Сите тие имаат една заедничка работа – желба да се помогне на оние на кои им е потребна помош и користење на препознатливоста на нивните брендови за што поголем ангажман на граѓаните за и тие исто така да се вклучат во хуманитарни активности. Жито Маркети се една од низата домашни компании кои што многу добро ја разбираат општествената одговорност на бизнис заедницата кон граѓаните и работат во насока на развивање на таа социјално-хуманитарна димензија.
Особено видлива беше здружената акција на граѓаните и компаниите во изминатите месеци за помош на катастрофално поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина. Компаниите кои произведуваат или тргуваат со основни производи, oсобено компаниите кои имаат фабрики за кондиторски производи, како и големите ланци на маркети донираа камиони со храна, вода и хигиенски материјали, граѓаните донираа се што сметаа дека им е потребно на луѓето погодени од катастрофата. Се собраа голем број парични средства и основни материјали за живот. Секојдневно бевме сведоци на информации дека голем број камиони со храна, вода и со хигиенски производи се носат во Србија и Босна и Херцеговина, а истовремено се организираа дополнителни хуманитарни кампањи кадешто граѓаните можеа парично или со купување на одредени производи да го дадат својот придонес. И Жито Маркетите проактивно се вклучија во овие хуманитарни активности, посебно потенцирајќи дека човечката несреќа не познава границите, дека ги релативизира верската, националната и друг вид припадност – таа е само човечка.
Честопати граѓаните кои имаат потреба од помош, или пак знаат лица на кои им е потребна помош се обраќаат кај компаниите за донации или едноставно за поддршка, особено кај поголемите компании, чии брендови се познати на јавноста и се присутни во медиумите. Компаниите и нивните брендови често ја имаат таа моќ да го пренесат апелот за помош до што поголем број на граѓани кои би можеле да помогнат. Исто така, македонските компании се почесто се одѕиваат на апелите за помош кои ги пренесуваат медиумите во своите репортажи, особено кога покриваат тема за семејства од социјално-ранливи групи на кои навистина им е потребна помош за набавка на основните работи потребни за живот. Голем број на компании самите, или во соработка со други компании организираат голем број хуманитарни кампањи или пак се приклучуваат кон веќе започната хуманитарна кампања на граѓански здруженија. Дел од поголемите компании имаат основано сопствени фондации преку кои ги реализираат донациите и ги организираат кампањите.
Ги прашавме граѓаните кој е најчестиот начин на кој што донираат. Најчест вид на донација е преку телефонските линии кои се отворени од мобилните оператори, преку кои се донираат по 100 денари од повик. Друг начин е кога компаниите одвојуваат одреден процент од продажбата на сите или на дел од артиклите, по што собраната сума ја собираат за одредена цел. Ова е највидливо кај супермаркетите, каде дневната фрекфенција на потрошувачи е најголема и кои често имаат хуманитарни активности и проекти. Платформата ”Тинекс, ти и јас” на ланецот на супермаркети Тинекс повеќе од 15 години придонесува кон проекти од најразлични теми и помага на локалната заедница секаде каде ланецот на маркети е присутен.
Менаџерскиот тим и вработените во Жито Маркети се свесни за одговорноста која што компанијата ја има кон заедницата, така што преку различни општествено одговорни проекти контрибуираат во барањата и потребите на социјално ранливите категории – и како групи и како поединци.
Од неодамна, пак, „Жито маркети“ започнаа со реализација на сопствениот проект ”Навика да добивам повеќе”, кој се спроведува во сите 36 маркети во 12 општини низ Република Македонија. Секој купувач може да се зачлени во Клубот на потрошувачи на Жито маркети, а компанијата ќе ја плаќа членарината. Средствата од членарината потоа ќе бидат наменети за донација, а целите за донирање ќе бидат избирани во секоја од општините одделно, во координација со државните и локалните власти.
Ефектот е навистина голем – секојдневно слушаме приказни каде навистина е направена разлика во заедницата и каде навистина на некој му е помогнато. Кампањата ја постигнала својата цел и на овој начин е спасен човечки живот, или му е помогнато на некое семејство, или пак е разубавена животната средина околу нас. Компаниите на овој начин имаат своевидна промоција и расте нивната репутација во заедницата, што не е занемарливо, бидејќи претставува одличен начин за комуникација со јавноста и дополнително за стекнување свесност за нивниот бренд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


