| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески за РСМ: Финансиските зони ќе влијаат на економскиот раст (Видео)

stavrevski_intervju_g111

Формирањето на финансиските зони ќе бидат по терк на Луксембург, објави во Индекс на Радио Слободна Македонија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Според него воведувањето на фискалните правила е акт на највисока одговорност кој идните генерации.
Формирањето на финансиската зона ќе има многукратни ефекти. Покрај растот на бруто домашниот производ, се очекува ефект за креирање на работни места и тоа за лица со соодветно образование во делот на економијата, правото, сметководството и во делот на давање услуги за вработените таму и слично. Во Луксембург како пример, вели Ставрески, 25 % од БДП се создава од вакви финансиски услуги а се регистрирани над 3840 инвестициски фондови и се креирани 44 000 работни места. Но Луксембург станува скап и тоа е шансата на Република Македонија, смета Ставрески, според кој зоната ќе се формира со закон предложен од Владата и донесен од Собранието на РМ.
– На овој начин ќе овозможиме да се создаде уште еден центар за креирање на работни места и за привлекување странски капитал што ќе ја етаблираат Република Македонија на соодветно место на финансиската мапа во Европа и во светот, изјави за Индекс Зоран Ставрески.Два и пол милиони евра субвенции за станбен кредит од владата за 331 семејство.
Два и пол милиони евра досега Владата исплати за субвенции за станбени кредити во проектот Купи куќа – купистан, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во Индекс на Радио Слободна Македонија.
Владата досега со овој проект помогнала на 331 семејство да го решат своето станбено прашање. Проектот е наменет за семејства кои имаат помали примања и не можат од банка да бараат кредит и да плаќаат месечна рата од по 300 евра, но исто така не се во можност да одвојат дополнителни средства да го опремат станот.Владата од неодамна, вели Ставрески за Индекс на Радио Слободна Македонија, ги намали и каматните стапки на овој субвенциониран станбен кредит или 3,95 % за првите три години и 4,44% за четвртата и петата година.Новина во овој проект, потенцира вицепремиерот Ставрески е што тој продолжува и идната година. Сите граѓани што од некоја причина не можеле досега да аплицираат, а сакале, тоа ќе може да го сторат и идната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top