Јавноста продолжува да реагира по информациите за потрошените пари за проектот Боемска улица. Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци преку социјалната мрежа Фејсбук го коментира соопштението на Општина Центар кое се однесуваше на изградбата на „Боемската улица“. И таа како и поголемиот дел од јавноста бараат одговори од градоначалникот Андреј Жерновски за повеќе нелогичности околу потрошената сума за овој проект.
Во соопштение од Општина Центар беше наведено дека цената на целиот овој проект е 24 милиони денари или приближо 400.000 евра. Жерновски сега ја намали цената на чинење на 24 милиони денари, иако првично во медиумите излегуваше сума од 28 милиони евра, согласно како градоначалникот на општината информираше на прес-конференции.
Скандалозно се менува и квадратурата на проектот. Во брошурата издадена на почетокот од годинава од Општина Центар за најавени проекти за 2014 година, Општината навела дека ќе уредува 1.800 метри квадратни на Ѓорѓи Пешков или Боемска, а на 16 септември годинава во соопштение на Општината тие 1.800 метри стигнаа до 2.000 метри, што може да се забележи од самите фотографии.
Сепак, тука не завршува билдањето на квадратурата. Во соопштението од Центар именувано како „Фактите наспроти лагите и манипулациите“, наведена е вкупна квадратура од уредени 2700 метри, иако улицата официјално беше отворена со став дека се уредени 2000 метри квадратни.
–Андреј Жерновски денешното соопштение го именувал како „Фактите наспроти лагите и манипулациите“. Смејурија. Погледнете ги фотографиите со бројките и проценете сами кој манипулира. Видете како му се менуват бројките на Жерновски, површина и цена, како да станува збор за комедијата „Враќање во иднината“ и весник кој во рака го држи Марти Мек Флај со содржини кои исчезнуваат во секунда, а ги заменуваат други поповолни– пишува Јорданка Ивановска- Јоци во вчерашниот пост на својот Фејсбук профил.
Ивановска утврдува дека Општината сега ја намалила цената од 28 на 24 милиони денари. Првично, како што пишува таа, во медиумите излегуваше првата цена, согласно како Жерновски информираше на пресови.
–Наводно „наклеветениот“ градоначалник денеска се предомислил за цената на уличката-ја намалил од 28 на 24 милиони денари-од 460.000 евра на 400.000. (демек глупи сме, нема да приметиме). А до пред некој ден во медиумите излегуваше првата цена, согласно како тој информираше на пресови. Демек никој нема да примети дека цената ја спуштил за да изгледа помалку скандалозно– пишува Ивановска. 
Воедно, наведува таа, во брошурата за најавени проекти за 2014 година, на почеток на годинава (брошурата е издадена од Општината) самиот Жерновски пишал дека ќе уредувал 1.800 метри квадратни на Ѓорѓи Пешков или Боемска, а на 16 септември годинава во соопштение на Општината тие 1.800 стасаа до 2.000, што може да се забележи од самите фотографии.
–Денеска пак на 22 септември -дошол и до 2.700 уредени метри квадратни. И не само тоа туку, „Боемска“ наеднаш станала три „боемски“ улички !? Иако улицата официјално ја отвори со став дека уредувал улицата од 2.000 квадрати, денеска, по низата прозивки, решил да ни обелодени дека уредувал, оп и -некојси агли. Кои, види богати-не биле довршени. А можда и денеска се почнати, што знаеме !? За да се оправда цената за „боемштината“. Јас едвај ја следам математикава на Жерновски ? Вие сфативте што за Жерновски е факт, а што манипулација ? Во прилог имате фотографии од текстови објавени во медиуми, соопштенијата на Општината, и брошура, каде бројките се салата и се менуваат во зависност од притисокот ваљда кон Жерновски. Нали, кој бил „жртва“ на медиумите,(демек медиум, за да звучи страшно), а всушност е само на Фб статуси– пишува Ивановска.
Градоначалникот Андреј Жерновски очигледно не сака никој да го прашува каде одат потрошените пари на граѓаните, а секој кој ќе се осмели да праша во врска со превисоката цена платена од страна на Општина Центар за „Боемската улица“, веднаш е под закана за тужба.
Општина Центар и Андреј Жерновски без никакви закани се должни во интерес на јавноста да дадат одговор на поставените прашања зошто оваа „Боемска улица“ чини многу повеќе од сличните на неа, бидејќи граѓаните треба да знаат за што и како се трошат нивните пари.
Намалувањето на сумата и зголемувањето на квадратурата за да се оправда превисоката сума потрошена за овој проект не поминува кај граѓаните, кои остро реагираат на ваквото трошење од општинската каса и коментираат дека не може со глумење на навиност и жртва да се привлечат гласови, а притоа никој да не прашува за што е потрошена огромната сума на средства за одреден проект.
Ивановска му порачува на Жерновски да не се плаши од фејсбук статуси. „Ако си работиш чесно, нема од што да се потресуваш“ – заклучува Ивановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


