
Македонската фармацевтска компанија „Алкалоид АД Скопје“ доби сертификат за сообразност со начелата на Добрата производна практика (GMP) од Република Казахстан.
Сертификатот е издаден од Националниот центар за експертиза на лекови, медицински помагала и медицинска техника при Министерството за здравство на Казахстан, по извршената инспекција на погоните за производство на цврсти фармацевтски дозни форми и полусинтетски цефалоспорини на „Алкалоид АД Скопје“, спроведена во јуни годинава.
– Ова е прва инспекција на фармацевтските погони на „Алкалоид“ извршени од страна на авторитетите на земја членка на Заедницата на независни држави (ЗНД), што претставува уште еден доказ за примената на најстрогите европски и интернационални стандарди, што „Алкалоид АД Скопје“ ги практикува во секојдневното работење, и кои се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на фармацевтските производи не само во Република Казахстан, туку и во Русија, Белорусија и дел од останатите земји во регионот – велат од компанијата.
Овој сертификат, додаваат, е уште една потврда дека примената на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, како и производството на безбедни, ефикасни и квалитетни лекови ја прават компанијата достоен конкурент на меѓународните пазари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци


