| четврток, 6 декември 2018 |

Запалена фотографија на премиерот Груевски во Тирана

Фотографија на македонскиот премиер Никола Груевски е запалена на протестите во Тирана. На 4 март, понеделник, во соседна Албанија беа организирани протести поради случувањата во Скопје.  Демонстрантите повикувале Албанците да не се плашат затоа што не се сами.

– Ја следиме ситуацијата во Македонија. Скопје ќе биде трет главен град на Албанците на Балканот. Ја повикувам Владата, ги повикувам албанските партии во Македонија да ги преземат сите законски мерки против прекршењето на правата на невини Албанци – рекол еден од протестантите. Се извикувале и пароли „Груевски никаквец“, „УЧК“ и „Етничка Албанија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top