| четврток, 6 декември 2018 |

Пере и Франц од „Нокаут“ ја поддржаа кампањата за безбедност во сообраќајот

Своја поддршка кон кампањата за безбедност во сообраќајот дадоа и членовите на бендот Нокаут, Никола Перевски-Пере и Владимир Крстевски-Франц. Заради честите настапи низ Македонија тие голем дел од времето го минуваат зад воланот или на совозачкото место и точно ја знаат важноста од ставањето безбедносен појас и прилагодување на брзината.

“Вашиот живот зависи од вас самите. Доколку не ги почитувате правилата во сообраќајот не го почитувате ниту својот живот, а ни животот на другите”, советуваат Пере и Франц облечени во жолтата маичка со појас, која е заштитен знак на кампањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top