Австралиската полиција уби осомничен припадник на Исламската држава откако претходно 18 годишниот терорист прободел двајца полицајци со нож. Убиството на осомничениот било извршено во моментот додека полицијата се обидувала да изврши со него рутиски разговор во полициска станица, а следувало еден ден откако ИСИЛ ги повика сите муслимани да убиваат Австралијци.
Во моментот кога бил доведен во станицата тој извлекол нож и прободел двајца припадници на антитерористичката единица. Потоа бил застрелан со еден куршум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


