| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е само почеток – снимки од воздушните напади врз Исламската држава

izrael-napad-sirija1

Министерството за одбрана на САД вчера објави снимки од воздушните напади врз позициите на Исламската држава, нагласувајќи дека тоа е само почеток.

Воздушните напади се изведени со големи количини на воени средства од крстосувачки ракети од типот Томахавк, бомбардери Б1, ловци Ф16, Ф18 и Ф22 кои прв пат се користат во воени услови, како и бројни беспилотни летала.

Нападите се извршени со поддршка на Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Јордан и Обединетите Арапски Емирати, земји од Блискиот Исток кои влегоа во коалиција со Западот за уништување на Исламската држава.

– Нападите беа многу успешни и ќе продолжат. Ова е само почеток, рекол портпаролот на Пентагон, вицеадмиралот Џон Кирби без да навлегува во детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top