| четврток, 6 декември 2018 |

Гечевски пак во првата петорка на Јадранот, Чековски за влакно изоставен

Кошаркарот со најдобар рејтинг во историјата на Јадранската Лига, Тодор Гечевски, повторно е во идеалната петорка во ова натпреварување, а за влакно меѓу најдобрите 5, не влезе Ѓорѓи Чековски. Двајцата високи играчи на МЗТ Скопје, одиграа извонредно против Задар и комбинираа 54 поени, во победата од 94-69.
Гечевски беше вистинска енигма за поранешните соиграчи од Задар и им го наполни кошот со 25 поени. Додаде и 8 скока, доволно за 34 индексни поени,  и место во првата петорка. Според индексните поени, Гечевски е најдобар кошаркар во историјата на АБА лигата. Сега имаше само еден поен помалку од најдобриот во 24. коло, Дерил Строубери од Цибона, кој го заслужи признанието најкорисен играч на колото (МВП).
Многу блиску до место во најдобрата петорка на АБА-лигата, беше и Ѓорѓи Чековски. И тој одигра фантастично против Задар и со 29 поени, стаса до индекс од 25 бода. Центарот на МЗТ имаше место во Топ-5, до вечерва. Оттаму го истисна кошаркарот на Игокеа, Едвардс, кој одигра одличен меч против Шолнок, стигнувајќи до 32 индексни поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top