| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на ЈСП Мишо Николов: Автобусот е технички исправен

49 патници се повредени откако утринава автобус на ЈСП се преврти кај Драчево. Сите се со помали повреди и скршеници, а една жена има и контузија на главата. Причините за несреќата сѐ уште не се познати. Истрагата треба да покаже дали се работи за пребрзо возење, лизгав коловоз, техничка неисправност на автобусот или некое животно му го пресекло патот на возачот.

– Истрагата е во тек. Нашиот возач не може да каже детали бидејќи моментално е психички растроен. Автобусот ќе биде на технички преглед. Сѐ уште не се знаат причините за несреќата –  изјави директорот на ЈСП, Мишо Николов за „Канал 5“.

– Автобусот е технички исправен – додава директорот.

– Сите останати 300 автобусите кои сообраќаат низ Скопје, се безбедни и ги почитуваат сите безбедносни процедури – уверува првиот човек на ЈСП.

– Не станува збор за преоптоварување, автобусот има капацитет да собере 100 патници – тврди Николов.

– Во текот на утрешниот ден ќе имаме повеќе информации за причините на несреќата – соопшти директорот на ЈСП.

За дополнителни информации погледнете го прилогот на Канал 5 во линкот од видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top