| четврток, 6 декември 2018 |

Најголем музејски проект: Архитектот Жан Нувел го проектира Музејот на уметноста во Кина

516561_jean-nouvel-foto-reuters_f

Францускиот архитект Жан Нувел ќе го проектира Музејот на уметноста во Кина, во Пекинг, што се смета за еден од најголемите музејски проекти во светот, соопштија од фирмата на архитектот.

Нувел е добитник на Прикеровата награда за 2008 година, најзначајна награда во областа на архитектурата во светот.

516565_jean-nouvel02-foto-promo_f

Музејот ќе се наоѓа во близина на познатиот стадион во Пекинг, „Птичје гнездо“, на патот меѓу Забранетиот и олимпискиот град.

Во тоа културно издание ќе бидат сместени 100 илјади експонати од периодт на династијата Минг до денес. Зградата ќе биде долга 200 метри и ќе има површина од 130 илјади квадратни метри.

Нувел се инспирирал од кинеската калиографија за да го дизајнира музејот кој ќе има внатрешна градина заштитена со мрежа и со златен кров. Покрај зградата ќе има 153 црвени знамиња.

Нувел бил избран на конкурс на кој учестувале седум кинески архитектонски фирми и уште 13 најпознати архитектонски студија во светот.

Нувел проектирал повеќе од 200 објекти ширум светот, меѓу кои и Арапскиот институт во Париз, операта во Лион и кулата Агбар во Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top