Поминувате се повеќе време на работа, а се помалку в кревет со партнерот? Не сте единствени, дури 40% од двојките тврдат дека оваа година значително помалку водат љубов отколку претходните, покажа студијата на британската компанија „Ваучер кодес про“ (VoucherCodesPro).
Според ова истражување, за недостатокот од секс одговорен е притисокот на модерниот живот, а преоптовареноста од работа е главен виновник, пишува „Дејли мејл“.
Освен тоа, двојките сметаат дека од сексуалното уживање ги одвраќаат финансиските грижи, се подолгиот работен ден и недостатокот од време. Исто така, 29% од двојките велат дека од секс ги одвраќа активниот друштвен живот, но и карањето околу секојдневните проблеми кои поттикнуваат стрес.
Луѓето денес се загрижени околу сите аспекти на животот, а тешко е да се очекува дека тоа нема да се одрази и на состојбата во спалната соба. Недостатокот од секс е поврзан и со недостатокот од блискост, па партнерите стануваат се поодалечени, сметаат истражувачите.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


