| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за тешката сообраќајка во Кавадарци

Едно лице почина, а уште две се уште се во болница по течката сообраќајка која вчеравечер се случи на ул.„Илинденска“ во Кавадарци.

До сообраќајната незгода дошло кога Орданчо Ј. (24) од Кавадарци, управувајќи моторцикл „хонда“ удрил во пешакот Р.П.(16) од Кавадарци, а потоа и во патничкото моторно возило „лада нива“. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на моторциклот Орданчо Ј., сопатникот од моторциклот Д.М.(26) и пешакот, кои по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Кавадарци се префрлени во Ургентниот центар во Скопје каде возачот на моторциклот Орданчо Ј. починал.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица во Кавадарци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top