| четврток, 6 декември 2018 |

Со најавените измени на Законот за угостителска дејност: Стан не смее да се издава на туристи

“Во изминативе 7-8 години има маса луѓе што ги преуредија становите за ту­рис­ти, пишува „Вест“. Тие не подлежат на никакви давачки, не плаќаат индустриска струја. И гос­ти­те се доведени во заблуда кога ќе видат огласен стан за преноќевање на Ин­тер­нет, а нема посебен влез кон него”, вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ

Фи­зич­ко лице не може да врши угостителска дејност во колективни станбени згра­ди, односно во нив не може да им издава станови, соби или апартмани на ту­рис­ти. Ваква одредба е предвидена во измените и дополнувањата на Законот за угос­ти­тел­ска дејност, за кој допрва следи јавна расправа. Министерството за еко­но­ми­ја, како изготвувач на законот, предвидува казна од 200 евра за непочитување на забраната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top