| четврток, 6 декември 2018 |

Турската Влада ја укина забраната за носење шамии во гимназиите

Владата на Турција донесе одлука за укинување на забраната за носење на муслимански шамии во гимназиите и средните училишта во земјата, соопшти денеска турскиот вицепремиер и владин портпарол, Булент Аранч.

turk460

Како што објави електронското издание на турскиот весник „Хуриет“, ваквата одлука турската Влада ја донела на својата вчерашна седница.

Владата на исламистичката Партија на правдата и развојот (АКП) ја укина забраната за носење на муслимански шамии на турските универзитети во 2011 година, а лани беше укината и таквата забрана за во државните институци и Парламентот.

Турските медиуми јавија дека одлуката за укинување на забраната за носење на шамии во средните училишта предизвикала незадоволство меѓу секуларните опозициски партии и синдикатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top