
Го преспав целиот ден после свадбата. Се чувствував како после дочек на Нова година. Вака за „Блиц“ го започнува раговорот славниот пејач и кантавтор Жељко Јоксимовиќ, кој минатата недела со неговата сопруга Јована се венчаа во црква, по што беше организирана и гала прослава за роднините, пријателите и колегите.
-Беше многу весело. Сите пеевме, дури и јас. И храната беше одлична. Навистина се беше перфектно – вели Јокисмивиќ.
Тој понатаму објаснува дека во медиумите се пишувало дека венчавката ќе биде заедно со крштевката на неговиот син Коста, но тоа не бил и нивен план.
-Сите гости повеќе им веруваа на медиумите, отколку нам, па прашуваа што да донесат за крштевката на нашиот син. Не планиравме венчавката и крштевката да бидат заедно. Венчавката помина, а Коста ќе го крстиме наскоро – објаснува Јоксимовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


