| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на косовскиот Уставен суд уценуван поради љубовна афера

Претседателот на косовскиот Уставен суд, Енвер Хасани, е уценуван поради афера која своевремено ја имал со малолетна девојка, објавуваат приштинските медиуми.

enver-hasani-ibna-565x367

Медиумите наведуваат дека на новинската агенција „Дитапрес“ ѝ бил познат идентитетот на девојката, но не е објавен поради заштита на нејзиниот семеен интегритет.

Редакцијата ги поседувала сите податоци кои најсериозно го инкриминираат Хасани.

Според медиумите, Хасани треба да одговори дали оваа уцена влијаела врз одлуката на Уставниот суд поврзана за политичката криза и ситуацијата која се создаде по изборите на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top