
Поради смртта на Џоан Риверс, која почина во почетокот на септември, иднината на шоуто „Модна полиција“ беше неизвесно. Во 90-минутната епизода која се емитуваше во чест на починатата комичарка, нејзината ќерка Мелиса, која е извршна продуцентка на шоуто, потврди дека „Модна полиција“ ќе продолжи да се емитува, но во јануари.
Првиот црвен килим кој ќе биде анализиран од страна на „Модната полиција“ ќе биде тој на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во декември 2014 година.
Уште не е познато кој ќе биде водител на шоуто. Риверс со својата смисла за хумот, острите досетки и храброста да го каже тоа што го мисли, го создаде шоуто кое денес е препознатливо. Другите водителки со Риверс беа Кели Озборн, Џулијана Ранчич и Џорџ Котсиопулос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


