
Есента во Македонија и на целата северна хемисфера календарски почна денеска во 4 часот и 29 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.
На првиот есенски ден според метепро.мк промената на времето ќе започне уште рано утрото. Најпрво ви северните и дел од западните краишта од земјава ќе бидат под значителна облачна маса која ќе донесе дожд. Во текот на утрото врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата. Но, ветерот којшто ќе дува од север ќе ја „расчистува“ постепено облачноста од север кон југ. Така, веќе попладне, а особено навечер облаци ќе имам сосема малку над Македонија. Во текот на претпладнето и околу пладне долж Повардарие и локално во источниот регион, ќе дува засилен, а локално и на моменти силен северозападен ветер. Кон крајот на денот ветерот ќе стивнува. Температурата ќе бележи значителен пад во однос на понеделник. Максимална вредност околу 19°С се очекува во северната половина на земјата, а во југозападниот регион до 19°С. „Најтопло“ ќе биде на југоисток, до 22°С.
Во скопската котлина облачност и повремен дожд ќе има од замиот почеток на вторник. Во текот на претпладнето ќе почне да дува умерен до засилен северозападен ветер, а облачноста постепено ќе почне да се намалува. Попладне облачноста значително ќе биде намалена, а ветерот ќе почне постепено да стивнува. Максималната температура ќе достигне само околу 18°С.
Есента ќе трае до 22 декември во 00 часот и три минути кога календарски ќе почне зимата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


