
Неколку патници од автобусот на ЈСП што излетал од коловозот биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“.
Од дежурната служба на Градската општа болница за МИА потврдиле дека е во тек прегледот на повредените патници, но не сакале да прецизираат за колкав број се работи и за тоа дали патниците се потешко или полесно повредени.
Од ЈСП Скопје потврдиле дека автобусот кој сообраќал на линијата 67 утрово излетал од патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


