| четврток, 6 декември 2018 |

Кој со кого е искаран на естрадата (ФОТО)

Саманта и Ирена Спасовска, Сузана Гавазова и Елена Велевска, Елена Ристеска и Боки 13 се само дел од познатите кои важат за лути ривали кои не можат да се поднесат и не сакаат очи да си видат, пишува „Вечер“

Саманта и Ирена Спасовска

oci1

 Пејачките веќе неколку години очи не сакаат да си видат. Причина за тоа е партнерот на Ирена – Орце Гелевски. Имено, Саманта и Орце не прават муабет веќе долги години поради тоа што, наводно, Орце и ветил победа на “Фолк фест Валандово# и и зел пари, а потоа наградата и ја дал на Ирена, а неа ја оставил со празни раце.  После тоа следуваа низа јавни препукувања, а Саманта дури го обвини Орце дека и го полил автомобилот со солна киселина и и ги исекол гумите, а за тоа приложи и доказ од безбедносните снимки од камерите пред нејзиниот дом. И покрај тоа што најавуваше тужби, на суд уште немаат отидено.

 

Елена Велевска и Сузана Гавазова

oci2

Додека беа на почетоците од своите кариери фолкерките Гавазова и Велевска беа најдобри другарки, цимерки, делеа ист микрофон низ кафеаните по струмичката околија… Заедно настапуваа и собираа бакшиш, а откако снимија албуми и почнаа да ги препознаваат по улици, се фатија за коса. Се закараа, па почнаа јавно да се прозиваат. Еднава, демек, велела Хамстел и Ајнекен, а другава правела на се “копи-пејст#. Како причина за кавгите се наведуваше љубомората, и тоа од двете страни. Сепак, во моментов тие се во добри односи или барем така тврди Гавазова, која ја покани на свадба ексривалката Елена, која, наводно, поради веќе договорен настап била спречена да дојде.

 

Елена Ристеска и Боки 13

oci3

Боки 13 четири години се тужеше со Елена Ристеска. Причина за тоа беше изјавата на шоуменот, кој ја обвини пејачката дека му е љубовница на продуцентот Дарко Димитров. Судскиот спор на крај заврши со пресуда во корист на ексклузивката на “М2”, а Боки плати отштета од 24 илјади денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top